| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Предвреме вративме милионски долгови, сега сме 4-та најниско задолжена земја во Европа

gruevski1

Во гостувањето во емисијата „Јади бурек“, премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, зборуваше за ниската задолженост на Република Македонија, потенцирајќи го високото 4 место на најмалку задолжени земји во Европа.

-Првиот чекор ни беше предвремено раздолжување. Тука имавме реакција од СДСМ и дел од медиумите дека тоа е лош потег, дека вишокот пари треба да се вложат во нешто друго. Нешто да се изгради и така натаму. Нашето беше следно, прво да се раздолжиме. Како и секоја домаќинска куќа ако има долгови, прво да ги намали, да ги сведе на нормално ниво, а потоа ќе има повеќе пари и ќе почнеме со употреба на тие пари. Тоа многу ни помогна во кризата. Се раздолживме и во 2007 и 2008. Дојдовме од скоро 40% од БДП во 2006, на 24-25%. Тоа е одлична ситуација. Потоа дојде кризата. А во кризата најмногу настрадаа тие со високи долгови, истакна премиерот.

Тој додаде дека Македонија немала проблеми со долгови, туку со намалените инвестиции во време на криза.

-Ние со долгови немавме проблеми. Ние имавме други проблеми, се намали извозот. Се намалија странските инвеститори, дојде до дезинвестирање. Автоматски се намалија странските инвестирања. Но немавме проблем со долгот бидејќи драстично го намаливме. Милиони и милиони евра предвремено вративме. СДСМ прашуваа зошто предвремено се раздолжуваме за поволни кредити. За да немаме кредити.  Многу сме далеку од презадолжени. Сега сме задолжени 34-35 %, што е умерена задолженост и сме 4 најмалку задолжена во Европа. Каде и да отидеме надвор ни честитаат, само СДСМ не напаѓа, истакна премиерот.

Тој заклучи дека ќе има зголемување на задолжувањето до ниво што нема да создаде проблеми, потенцирајќи дека знаат до каде може да расте и што е опасно над тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top