Реконструкција на бројни патишта и изградба на нови, се дел од програмата за претстојните избори, најави премиерот Никола Груевски во емисијата „Јади бурек“.
-Имаме сериозна програма во однос на инфраструктурата. За најголем дел веќе се обезбедени средства. Во моментов градиме три автопати. Демир Капија-Смоквица, Кичево-Охрид, Скопје-Свети Николе-Штип. Никогаш во историјата на Македонија не се граделе три автопати во исто време, особено во олкава вредност од околу милијарда евра. Ниту во поранешна Југославија. Планираме други патишта кон Бугарија да започне градба на експресен пат со 4 ленти, како патот Тетово-Гостивар, со можност за по уште една лента од двете страни. А стандардот на тој пат ќе биде како на автопат, истакна Груевски.
Се планира пат со 4 ленти од Охрид до Пештани, како што додаде тој, за растеретување на сообраќајот над Пештани, а во иднина ќе се догради и до Свети Наум.
-Се отвара нов пат помеѓу Крива Паланка и Каменица. Од 2017 ќе почнеме со Радовиш-Штип. Имаме многу реконструкции. За Охрид-Кичево и Скопје-Блаце ќе отвориме оглас за концесионери. Ако некаде има шанса, тоа е Кичево-Гостивар и Скопје-Блаце. Се предвидува и пат кон Прилеп, експресен со 4 ленти. Од Градско преку Росоман до Прилеп. Ќе има реконструкции на патот Демир Капија-Неготино, Скопје-Велес и Куманово-Миладиновци, изјави премиерот.
Тој заклучи дека ова се важни проекти и дека посветено ќе се работи да се исполнат овие цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски