| четврток, 6 декември 2018 |

На Партизанска ги сечеле автомобилите за да ги извадат повредените

Тешка сообраќајна несреќа се случила ноќеска  на булеварот Партизанска во Скопје. Сообраќајката се случила на семафорите до бензинската станица во Карпош 3.

Според очевидците има и повредени, а за да бидат извадени од автомобилите морало да интервенираат и пожарникари кои ги сечеле автомобилите за да стасаат до повредените објавува порталот  mkd-news.com.

До сударот дошло откако дека едниот од  двата автобомили минал на црвено. По сударот двата автомобили се превртеле. Нема информации за колку повредени станува збор но очевидци за порталот изјавиле дека  3 возила на брза помош биле на местото. Нема информација ниту во каква здраствена состојба се повредените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top