Полицаец на граничниот премин Табановце, на македонско-српската границата, морал да пука во воздух за да спречи шверцер на дрога да избега, вчера попладне.
Според известувањето на МВР, околу 13,30 часот на ГП-Табановце се пријавил да патува Ф.Г.(33) од Албанија, кој управувал автомобил марка „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки. При преглед над возилото, Ф.Г. се дал во бегство, при што полицаецот што запрел се стрчал по него и испукал три куршуми во воздух по што Албанецот застанал и се предал.
По извршениот детален претрес од царинската служба, во специјално направен бункер, поточно во дебела ѕидна боца за плин во „Мерцедесот“ пронајдени се 15 килограми марихуана. Со потврда за предавање на лице и предмети, Ф.Г. е предаден на инспектори од Одделение за истраги при царинска управа на Р. Македонија, за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


