
Нови осум случаи на морбили се регистрирани во Македонија, а петмина од болните се на возраст од 30 до 35 години. На клиниката за Инфективни болести се хоспитализирани 6 пациенти со потешка клиничка слика.
Најмалите пациенти меѓу новозаразените со мали сипаници се бебиња на три и единаесет месеци.
Лекарите алармираат дека последиците од компликација од морбили може да бидат енцефалит, пневмонија па дури и смртни исходи. Од институтот за јавно здравје информираат дека неделно се вакцинираат по околу 200 деца во редовниот календар за имунизација.
Засега нема знаци дека заразата може да се рашири во градинките и училиштата.
Остануваат најавените мерки за заштита, за вонредно вакцинирање на семејствата и лицата кои биле во близок контакт со болните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


