Кошаркарската Куќа на славни во Спрингфилд доби нови членови. Од познатите имиња би се издвоиле легендарниот литвански играч Шарунас Марчулионис, силниот центар Алонзо Морнинг, Мич Ричмонд и комесарот на НБА-лигата Дејвид Штерн.
Во Спрингфилд во класата 2014 влегоа уште и Нолан Ричардсон, Нет Клифтон, Гери Вилијамс, Боб Леонард, Гај Роџерс и Џуди Мартели од женскиот тим на универзитетот „Имакулат“.
Потребните гласови не ги добија Тим Хардавеј, Кевин Џонсон и Спенсер Хејдвуд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.