Со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори ќе ја дадете поддршката за отворање на нови 64.000 работни места во најмалку 30 новоотворени фабрики во Македонија, рече во Крива Паланка носителот на листата на Коалицијата „За подобра Македонија“ за третата Изборна единица, Никола Тодоров.
Тој истакна дека владеачката партија цели кон освојување 63 пратенички мандати кои и се потребни на Македонија за реализација на новата програма со 2.046 проекти.
– Еден од нив е и проектот кој се однесува на млади лица до 29 години што завршиле високо образование. Овој проект предвидува на овие лица им се олесни патот од завршувањето на факултетот односно на високото образование и преминот до вработувањето. Проектот е замислен на тој начин што кај овие лица е предвидено да се субвенционира нивното вработување преку придонеси во период од три месеци, потоа работодавачот да има обврска да ги задржи на работа во наредните шест месеци – појасни Тодоров.
Тодоров потенцираше дека со овој проект ќе се работи на намалување на невработеноста кај младите лица посебно на лицата до 29 години и посебно на младите лица кои имаат завршено високо образование.
– Со новата четиригодипна програма предвидени се и инвестиции во образованието, со набавка на 300.000 таблет компјутери, во здравството со градбата на новиот кличнички центар во Скопје и клиничкиот центар во Штип, а комплетно ќе се реконструира и здравствениот дом во Крива Паланка, чија обнова веќе е отпочната – истакна Тодоров.
Проектот за отпишување на долгови на граѓаните е еден од позначајните проекти во програмата, нагласи Тодоров, а инфраструктурата и во наредните четири години ќе биде приоритет на владеачката коалиција.
Тодоров и караванот придружуван од кандидатот за пратеник од Крива Паланка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска и пратеникот во Собранието Владимир Ѓорчев продолжи на средби со жителите на повеќе населени места во Кривопаланечко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се жалат дека немаат работа, а никој не се јавува на огласи
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата
-
Пиштолот со кој Љупчо Стојановски пукаше во Тодоров даден на вештачење, не се знае како го набавил