Демонстранти фрлаа летоци во едно од предградија на Сан Франциско каде живеат шефовите на „Гугл“, поради зголемувањето на трошоците за живеење во овој град, што неодамна стана центар на технолошката индустрија.
Еден од шефовите на компанијата, пред чија куќа беа одржани протестите, Кевин Роуз, демонстрантите го нарекуваат „паразит“.
– Се согласувам дека треба да го решиме проблемот со зголемувањето на трошоците за кирија во Сан Франциско, како и да се задржи локалната култура – објави Роуз на Твитер.
Демонстрантите бараат за прекин на протестите против шефовите на Гугл компанијата да им даде три милијарди долари.
– Бараме „Гугл“ да исплати три милијарди долари на анархистичка организација што ние ќе ја одбереме. Парите ќе бидат искористени за создавање антикапиталистички и антирасистички заедници во Северна Калифорнија, порачуваат активистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.