Интересен случај е моќното крило на Минесота Тимбервулфс во НБА-лигата, Данте Канингам. По вторпат за три дена полицијата во Минеаполис го апси 26-годишниот кошаркар, прво по пријавата на неговата девојка за малтретирање, а потоа и за терористички закани.
Данте прво насилно влегол во куќата на својата девојка, чиј идентитет не се открива, а потоа ја малтретирал и ја давел за врат, по што бил пријавен. Полицијата го уапси, па го пушти на слобода, а Канингам во меѓувреме и настапи за „волците“ на НБА-натпревар.
Вчера повторно е упасен под сомнение за терористички закани, но полицијата не откри детали за новото притворање на 26-годишниот член на Минесота.
Канингам од 1 јули ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со Минесота, екипа која само сезонава ќе му исплати 2,1 милиона долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.