| четврток, 6 декември 2018 |

Пред европската турнеја – „Конкеринг лајон“ во Скопје

По промоцијата на албумот „Revelation“ и прославата по повод 7 години постоење на бендот, која се одржа изминатиот викенд во Тетово, групата „Конкеринг лајон“ (CONQUERING LION) во среда, 9 април ќе одржи настап во клубот „Блек котон“ во Скопје. Почетокот на концертот е закажан во 22.00 часот.

Овој клупски настап во Скопје е увертира за претстојната европска турнеја на „Конкеринг лајон“, која ќе се случи од 17 април до 1 мај и ќе ги опфати Словачка, Чешка, Полска, Германија, Холандија и Словенија. Концертот ќе прошара по целата дискографија на бендот со осврт на последниот албум „Revelation“, кој се појави минатата година преку „Пасворд продакшн“ и „Егзит лејбл“.

Влезниците за концертот на „Конкеринг лајон“ се во строго ограничен број и достапни во клубот „Блек котон“ во Скопје со цена во претпродажба од 150 денари и 200 денари на денот на концертот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top