| четврток, 6 декември 2018 |

Крводарителска акција и донација за деветтиот роденден на „Ремедика“

Дарување крв и донирање телевизиска опрема се првите две активности со кои „Ремедика“ го одбележува деветтиот роденден.

Докторите и целиот персонал и оваа година по традиција даруваа крв за потребите на Црвениот крст, со што уште еднаш ја покажаа својата колективна одговорност и свесност за заедницата. Традиционалното дарување крв е дел од кампања „Супер е да си млад, кул е да си хуман“ за подигнување на свеста за крводарителството, која веќе две години се спроведува во соработка со Црвениот крст на град Скопје.

20140407_103323

– Оваа акција особено ни значи затоа што прерасна во традиција и значително обележје на роденденот на нашата болница. Во исто време е значајна затоа што под оваа благородна мисија се солидаризираат сите вработени во „Ремедика“ преку самоиницијативно и доброволно дарување крв и на тој начин придонесуваме во спасувањето на многу животи. Во тој контекст соработката со Црвен крст е исклучителна за нас и е партнерство од коешто ќе произлезат уште многу бенефити – изјави медицинскиот директор на „Ремедика“, Андреја Арсовски.

Освен колективното дарување крв, „Ремедика“ ги донираше телевизорите од болницата во дневниот центар „Даре Џамбаз“, што ќе им овозможи на неговите членови подобрување во интеракцијата и разубавување на нивното секојдневие.

20140407_104334

 

– Досега „Ремедика“ се покажа како наш партнер во бројни хуманитарни активности како и донации. Акцијата мотивираше и други да се приклучат кон кампањата и имаме одлична реакција со што заедно со „Ремедика“ ја постигнавме целта за подигнување на свеста за потреба од крводарителството. „Ремедика“ поставува значаен пример што треба да го следат и останатите компании со цел да покажат морална одговорност кон заедницата во насока на придонесување за зголемување на крвните единици што ќе овозможат да се спасат повеќе животи – изјави Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвениот крст од Скопје.

Партнерството меѓу „Ремедика“ и Црвениот крст на град Скопје продолжува и во иднина во насока на заедничка ангажираност за општото добро на заедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top