| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн застана на 53, Милан сѐ уште е рекордер со 58 натпревари без пораз

Со поразот од Аугсбург од 1-0, фубдалерите на Баерн Минхен застанаа на 53 натпревари без пораз. Со тој резултат одамна е урната клупскиот рекорд, но апсолутен рекодер е тимот на Милан, кој пред повеќе од 20 години во златната ера на „росонерите“ успеа да остане непоразен на 58 меча.
Серијата на тој вонсериски состав ја почна Ариго Саки со победата во последното коло во сезоната 1990-91 против Парма. Следната сезона на клупата седнува Фабио Капело, кој има серија од дури 57 меча во тогаш најсилната лига во светот. Капело ја освои 1991/92 без ниту еден пораз, а серијата ја продолжи следната сезона сѐ до март 1993 година кога на домашен терен загуби од Парма со голот на Колумбиецот Фаустино Асприља. Тој состав на Милан беше најдобриот во светот бидејќи беше спој на искуство и младост. Новите играчи што ги донесе Капело во составот, Дејан Савичевиќ, Звонимир Бобан и Жорж Веа, одлично беа прифатени од искусните Роси, Барези, Албертини, Малдини, Костакурата, Анчелоти, Донадони, Рајкард, Гулит, Ван Бастен.

Само уште еден тим успеа да остане непоразен во Сериа А, а тоа е Јувентус, кој со Конте успеа да застане на бројката од 49 натпревари.
Португалските тимови Бенфика и Порто се најблиску до успехот на „Непобедливите“ од Милано. Бенфика има серија од 56, додека Порто има натпревар помалку во лига која објективно беше послаба во тоа време кога Милан го направи најголемиот клупски успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top