Тренерот на Челси, Жозе Мурињо, изјави дека неговата екипа во реваншот од четврт-финалето од Лигата на шампиони против ПСЖ ја чека невозможна мисија бидејќи тимот од Лондон мора да надокнади два гола.
– Ова е речиси невозможна мисија. Но, сигурно дека може да биде и специјална ноќ за нас – изјави Мурињо.
Мурињо никогаш не загубил дуел во четврт-финалето во Лигата на шампиони, ниту со Порто, Челси и Интер, но никогаш не успеал да надокнади два гола разлика во некое од европските натпреварувања.
Во екипата на Челси нема да бидат Рамирес, Самуел Ето и Џон Оби Микел, како и Немања Матиќ и Мухамед Салах, кои немаат право да играат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.