| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши деветтото издание на Модната недела во Скопје

Rosica Prolet 2014 (4) (Custom)

Пролетната колекција на Росица Мршиќ

Со ревијата на македонската модна дизајнерка Росица Мршиќ во неделата навечер во салонот „Ауди Порше“ се затвори деветтото издание на Модната недела во Скопје, на која учестуваа 20 дизајнери и модни куќи.

Rosica Prolet 2014 (1) (Custom)

Новина во ова пролетно издание, надвор од традиционланото прикажување на ревиите, беше модниот бранч на дизајнерката Мила Кадриу и излогот во концептуалното кафуле „Концепт 37“, во кое се изложени најновите колекции на некои од учесниците.

Rosica Prolet 2014 (12) (Custom)

Пролетното издание повторно го затвори ревијата на Мршиќ во соработка со АВОН, со колекцијата за пролет-лето 2014 година, инспирирана од конструктивизмот, авангардниот правец во архитектурата кој воведува избрани елементи од модниот стил на осумдесеттите години од минатиот век.

Rosica Prolet 2014 (3) (Custom) (2)

На последниот ревијален ден на деветтото издание на Модната недела во Скопје, љубителите на модата ги проследија колекциите на Роберт Ивановски, Александра Митковска и на Лидија Георгиева.

роберт ивановски1

Модниот перформанс на Роберт Ивановски

Шестиот ден го отвори дизајнерот Роберт Ивановски, кој со моден перформанс прикажа  дел од колекцијата „Wounded“ за пролет/лето 2014 година. Инспириран од страдањето на невините луѓе во војните, Поповски ја намени колекцијата за храбри и бунтовни луѓе кои сакаат да се издвојат од толпата.
Целокупната колекција за есен/зима од „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ беше прикажана на видеобим во изложбениот салон на „Порше Македонија“.

лидија георгиев

Најновата колекција на Лидија Георгиева се вика „Допир“

Дизајнерката Лидија Георгиева ја претстави својата најнова колекција „Допир“, која е во релација со инспирацијата од нејзините колекции работени на самиот почеток на нејзината кариера.

лидија георгиев1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top