| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени, од кои двајца потешко во сообраќајката кај Мавровка

Според информациите кои Република ги доби од МВР, во несреќата која вечерва се случи кај Мавровка во Скопје учествувале возила марка Бе Ем Ве и голф со скопски регистерски таблички.

Во несреќата најтешко поминал возачот на голфот, 19 годишниот Б.Б. Тој со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Заедно со него во Ургентен е префрлен и неговиот сопатник и Ј.М. (29).

Возачот на Бе Ем Ве –то, 55-годишниот З.П. и вториот сопатник во голфот А.Л.(24) се префрлени со повреди во Градската болница.

Причините за несреќата ќе бидат дополнително утврдени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top