| четврток, 6 декември 2018 |

Поради голема потреба Милан Калиниќ го сопре цел авион

Пред неколку дена, актерската екипа „Певај брате 2“ со претставата гостуваше во Цирих. Актерот и водител Милан Калиниќ сѐ уште спиел кога патниците веќе излегувале од авионот на циришкиот аеродромот. Стјуардесата се обидела да го разбуди Милан, по што тој побарал д аго искористи тоалетот во авионот. Внатре останал дваесетина минути, па пилотот бил принуден да го држи авионот на место и покрај предупредувањата од аеродромската кула.

– Милан и неговите колеги Андрија Милошевиќ и Милан Васиќ отпатува за Цирих поради претставата. Калиниќ цело време се однесуваше како ѕвезда и не ги ни изваде неговите очила за сонце во авионот, а во еден момент заспа. По пристигнувањето на циришкиот аеродром, Андреј и Милан веќе тргнаа да слезат од авионот, а Калиниќ сѐ уште спиеше. Стјуардесата го разбуди и го замоли да го напушти авионот поради тоа што не смеат повеќе да го задржуваат на излез. Калиниќ побара да оди во тоалет и одбил да излезе од авионот додека не го направи тоа. На влегување ѝ се обрати на стјуардесата со зборовите: „Мислам дека можам да одам каде сакам“- изјавил за српски „Ало“ патник од истиот лет.

Калиниќ во тоалетот се задржал дваесетина минути, а авионскиот екипаж бил принуден да го чека.

– Претпоставувавме дека внатре е по голема нужда, сепак го чекаа повеќе од дваесет минути. И покрај предупредувањата од аеродромската кула дека авионот мора да се тргне од излезот, пилотот не можеше да направи ништо бидејќи Калиниќ сѐ уште беше во тоалетот – вели очевидецот.

Калиниќ со вториот дел од култната „Певај брате“ во Скопје ќе гостува на 7 мај во Универзална сала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top