| четврток, 6 декември 2018 |

„Гаспром“: Најавите за испорака на американски гас на Украина се политички популизам

gasifikacija-opstina-bac-dusan-bajatovic-1328585176-66902

– Најавите на функционерите во Киев за можно снабдување со природен гас од САД се политички популизам и не може да влијаат на позицијата на „Гаспром“ на договорената цена на рускиот гас за Украина – изјави денеска Сергеј Купријанов, портпаролот на „Гаспром“ за руската телевизија „Русија 24“.
Според Купријанов, испораката на гас од САД не може да биде алтернатива на рускиот гас во Украина „првенствено поради недостигот од слободен гас за извоз во блиска иднина“.
– Истовремено, не постои специјална флота танкери за испорака на природен гас од САД, а за изградба на таква флота е потребно многу време и слободен капацитет во бродоградилиштата што светот ги нема – нагласи Купријанов, пренесува ИТАР-ТАСС.
По поништувањето на договорот за црноморската флота од Харков од 2010 година, рускиот премиер Димитриј Медведев потпиша резолуција за укинување на „нултата царина“ на гасот за Укрина, што автоматски ја зголеми цената на 485 долари за 1.000 кубни метри гас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top