| четврток, 6 декември 2018 |

Украински новинар мачен до смрт

Телото на украинскиот десничарски активист и новинар Васил Сергијенко беше пронајдено во шума со знаци на тортура, еден ден откако беше киднапиран, соопшти денеска неговата ултранационалистичката партија „Свобода“.

Неговото ​​тело со крв и со многу модринки беше најдено под куп ѓубре во шумата во близина на украинското село Виграјев, 120 километри југоисточно од Киев, се вели во соопштението .

Сергијенко беше вклучен во организирањето на протестите во Киев, што доведе до соборување на прорускиот претседател Виктор Јанукович минатиот месец, велат од „Свобода“.

Тој беше член на една од групите за самоодбрана формирани од страна на националистичката опозиција и кои повремено се судираа со полицијата, пренесува АФП .

– На телото на Васил Сергијенко имаше видливи знаци на тортура: на главата има траги од силни удари, очилата му беа искршни и панати на колената, се вели во соопштението и се додава дека покрај во срцето, прободни рани од нож имал и во грлото и задниот дел од вратот .

Канцеларијата на локалниот обвинител потврди дека Сергијенко бил киднапира, а неговото тело било пронајден во шумата, но не откри детали бидејќи истрагата е во тек.

Според „Свобода“, неговите соседи виделе како во петокот вечерта бил киднапиран од пред куќа од страна на тројца мажи, кои го фрлиле во автомобилот по краток ќотек.

Во соопштението се додава дека активистот, кој беше новинар во локалниот националистички весник „Надросија“, една недела пред киднапирањето пријавил дека добивал закани.

„Свобода“ смета дека неговото убиство е поврзано со низа статии за моќен локален бизнисмен, чијшто автор бил Сергијенко.

Лидерот на контроверзната партија „Свобода“, четврта по големина во парламентот, Сергиј Тигипко е политички ветеран и бизнисмен, познат по своите навредливи изјави против Евреите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top