| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров во Делчево: Од новите проекти на ВМРО-ДПМНЕ ќе има придобивки целиот делчевски регион

todorov delcevo

Носителот на листа на ИЕ 3, Никола Тодоров, денеска престојува во посета на општина Делчево, во рамки на која ќе посети повеќе населени места во делчевскиот регион.

По пристигнувањето во Делчево, Тодоров ја посети црквата „Св.Наум Охридски“, која претставува едно од главните обележја на градот, а потоа замина во прошетка и средба со граѓаните низ центарот на Делчево.

todorov delcevo2

Во рамки на посетата, Тодоров истакна дека со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 2014 година до  2018 година, предвидени се голем број проекти од кои придобивки ќе имаат жителите на Делчево и на целиот делчевски регион.

Во оваа пригода, Тодоров се осврна на значајните инфраструктурни проекти кои е предвидено да се реализираат во претстојниот период, меѓу кои проектот за рехабилитација на регионалниот пат Делчево – планина Голак, како и проектот за рехабилитација на патната делница Кочани (Превалец) – Македонска Каменица – Делчево.

Во контекст на придобивките за граѓаните од Делчево, Тодоров ја истакна и реконструкцијата на здравствениот дом во Делчево, која е веќе почната, а нејзината комплетна реализација ќе придонесе кон подигнување на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните од делчевскиот регион.

todorov delcevo3

Во насока на целиот развој и напредок на ова подрачје, Тодоров порача дека со предвидениот почеток на изградба на ТИРЗ Делчево во текот на 2014 година, ќе се зголеми бројот на технолошки индустриски развојни зони во Република Македонија, а воедно ќе се подобрат условите за инвестирање во земјата и отворање на нови работни места, со цел постепено да се реализира предвиденото креирање на нови 64.000 работни места во текот на наредните четири години.

todorov delcevo4

Тодоров најави посета на повеќе населени места во општина Делчево, во текот на денешниот ден, меѓу кои: Стамер, Град, Тработивиште, Разловци, Вирче, Габрово, Звегор и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top