| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски до кичевци: ВМРО ДПМНЕ е со вас

VMRO-SKOPJE-4

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, им се обрати на кичевци и им вети дека нема да останат заборавени.

-Им се обраќам на кичевци. Дојдов кај вас во најтешките моменти кога ми велеа дека не е момент да доаѓам поради високонаелектризираната атмосфера. Ветив дека нема да бидете заборавени и оставени сами на себе. ВМРО е со вас – истакна Груевски.

Тој најави дека за два месеци ќе се почне со изградба на болница и ќе почнат со работа „Тајмиште“ и „Стогово“ по издадената концесија од Владата.

-Доаѓа и фабрика за вработување на 1.000 луѓе, плус индиректни вработувања. Се гради слободна индустриска зона кај Кичево, а ќе се ревитализира ТЕЦ „Осломеј“. Нема да застанеме тука, ни во Кичево, Струга, Гостивар, Долнени, Дебар, ни каде било во Македонија – вети премиерот.

Тој на сите жители на овие населени места им вети дека нема да бидат заборавени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top