| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца од пешаците се со тешки телесни повреди по синоќешната сообраќајка

По синоќешната сообраќајка, двајца пешаци се со тешки телесни повреди, а еден е со телесни повреди и се задржани на натамошно лекување на Клинички центар,информираат од МВР.

Сообраќајна несреќа се случи на бул „Партизански одреди“ кога патничко возило „ауди“ удри во паркирано возило, а потоа и во сендвичарницата „Вили“. Притоа настрадаа пешаци, две девојчиња родени 1994 година и едно момче родено 1995 година, сите од Скопје.

Од МВР инмформираат дека увидот траел до рано изутрина и сè уште не се познати причините поради кои настанала наесреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top