| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски ученици наградени во Словачка

наградени ученици

Проектите на учениците од Македонија во две од вкупно пет дисциплини во кои се натпреваруваа беа наградени на завршната церемонија на Академијата на централно-европските школи во Санец, Братислава во Словачка.

Беше награден проектот на Гимназијата НОВА на тема „Меѓународна соработка“ и заедничкиот проект „Моќта на разликите“ на основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола и едно основно училиште од Софија.

На последната седмица од програмата за 2013/14 на Фондацијата „Ерсте банк“, во која учествуваа 300 ученици и наставници од 15 држави, беше извршена евалуација на проектите од страна на жири, составено од независни експерти од Австриската асоцијација за диверзитет, Основно училиште од БиХ, Факултетот за учители од Белград…

Во улога на сведоци биле истакнати претставници на дипломатскиот кор во Словачка, македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов,  фондацијата Ерсте и словачкото Министерство за образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top