Денеска со почеток во 18.55 часот во „Синеплекс“ ќе биде прикажана операта „Боеми“ од сезоната МЕТ 2013/14. Раскошната продукција на режисерот Франко Зефирели е една од најомилените и најизведувани опери на сцената на МЕТ од 1981 година.
Извонредни млади изведувачи ја претставуваат класичната продукција на Франко Зефирели, најизведуваната опера во историјата на Мет.
Италијанскиот тенор Виторио Григоло го игра страствениот писател Родолфо и романскиот сопран Анита Хартиг дебитира во Мет како неговата незаситна љубовница, Мими. Сузана Филипс пее во улога на кокетната Музета, а Масимо Кавалети е сликарот Марчело во оваа изведба. Оваа опера ја предводи диригентот Стефано Ранзани.
Оваа извонредна опера вклучува стотина изведувачи, фасцинантни снежни сцени и детална реконструкција на Латинскиот Кварт во Париз. Покрај петте солисти, операта вклучува и 80 хористи, 100 статисти и приближно 35 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.