Градежните компании „Трансмет“ и „Бетон3, како и кинеската „Синохидро“ во дневните весници објавија огласи за вработување повеќе од 650 работниците кои ќе бидат ангажирани за изведување градежни работи на патните правци Миладиновци – Свети Николе – Штип и Кичево – Охрид.
Компанијата „Трансмет“ за потребите за изградба на дел од автопатот Кичево – Охрид има потреба од 235 работници. Огласот е распишан за градежни инженери, техничари, рударски инженери, извршители и работници на каменолом, минери, раководители со градежна механизација, ракувачи со градежни машини, возачи и градежни работници.
За изградба на автопатот Миладиновци – Свети Николе, компанијата „Бетон“ има потреба од 280 работници. Компанијата има потреба од раководни инжинери на објект, инженери-геодети, техничари на објект, возачи, ракувачи со градежни машини, градежни работници тесари, бетонирци и општи работници.
Покрај овие две македонски градежни компании, оглас за вработување во рамки на проектот за изградба на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип објави и кинеската компанија „Синохидро“, која со огласот ќе ангажира 125 работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст