| четврток, 6 декември 2018 |

Трансмет, Бетон и кинеската Синохидро распишаа огласи за преку 650 градежни работници

Градежните компании „Трансмет“ и „Бетон3, како и кинеската „Синохидро“ во дневните весници објавија огласи за вработување повеќе од 650 работниците кои ќе бидат ангажирани за изведување градежни работи на патните правци Миладиновци – Свети Николе – Штип и Кичево – Охрид.

ekonomija-patista-51-top-740x320

Компанијата „Трансмет“ за потребите за изградба на дел од автопатот Кичево – Охрид има потреба од 235 работници. Огласот е распишан за градежни инженери, техничари, рударски инженери, извршители и работници на каменолом, минери, раководители со градежна механизација, ракувачи со градежни машини, возачи и градежни работници.

transmet-oglasi-500

За изградба на автопатот Миладиновци – Свети Николе, компанијата „Бетон“ има потреба од 280 работници. Компанијата има потреба од раководни инжинери на објект, инженери-геодети, техничари на објект, возачи, ракувачи со градежни машини, градежни работници тесари, бетонирци и општи работници.

beton

 

Покрај овие две македонски градежни компании, оглас за вработување во рамки на проектот за изградба на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип објави и кинеската компанија „Синохидро“, која со огласот ќе ангажира 125 работници.

oglas---AVTOPAT-500

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top