| четврток, 6 декември 2018 |

На Јутјуб објавен „разговор“ руски дипломти за „следните цели за анексија“ по Крим

you

На Јутјуб е објавен „снимен разговор“ на двајца руски амбасадори во Африка, во кој се вели дека по анексијата на Крим, амбициите на Русија за нови територии не се исцрпени.
Во петминутната снимка, што ја пренесуваат дел од лондонските медиуми, разговорот на рускиот амбасадор во Еритреја, Игор Чубаров и на неговиот колега Сергеј Бахарев, кој е амбасадор во Зимбабве и Малави, треба да покаже каде сега се насочува рускиот интерес.
– Сега го имаме Крим, но тоа не е се народе. Во иднина на тоа ќе ги додадеме и Каталонија и Венеција, како и Шкотска и Аљаска- вели Бахарев, додека Чубаров посочува дека Русија „ќе ги урне границите на зафркнатите земји, какви што се Естонија, Романија и Бугарија“.
Чубаров, потоа додава, дека можеби балтичките земји, Романија и Бугарија, сепак, треба да и се остават на ЕУ, откривајќи дека во еден шеговит разговор, шефот на Мисијата на ЕУ во Еритреја, му рекол дека Русија „треба да си ги земе назад“ две балкански држави.
Двајцата дипломати во снимениот разговор, исполент со многу извици, псовки и проколнувања, велат дека наместо ваквите земји, Русија теба да се сврти кон Калифорнија или кон Флорида.
Тие американска сојузна држава Флорида ја нарекуваат „Мајамиленд“ и тврдат дека таму би требало да има рефередум како на Крим, бидејќи „и онака 95 отсто од луѓето се Руси“.
Референдум можеби треба да се спроведе и во британскиот главен град, што Чубаров и Бахарев го нарекуваат „Лондонленд“, бидејќи во него живеат голем број руски државјани, меѓу кои и дел од најбогатите.
Официјална Москва вели дека снимките не се автентични, но тврди дека тие веројатно треба да бидат „реваш“ за поставувањето на Јутјуб на снимениот разговор меѓу американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд и амбасадорот на САД во Киев.
Во него, Нуланд со многу остар јазик, ги навредува и ги пцуе европските дипломати и реакцијата на ЕУ на настаните во Украина, пред соборувањето на претседателот Виктор Јанукович.
Западот ја обвини Москва и за поставувањето на Јутјуб на снимката од разговорот меѓу Кетрин Ештон и естонскиот министер за надворешни работи Урмас Пает. На снимката тие двајцата зборуваат за можноста снајперистите кои пукаа по демонстрантите на плоштадот во Киев, да се припадници на украинската есктремна десница, како што тврди руската страна.
Појавувањето на „снимката„ со руските амбасадори во Африка, сепак, не предизвикува гнев во Москва, туку смеење и забава, забележуваат лондонските медиуми.
Претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захариева изјави дека не знае кој ставил вакви снимки на Јутјуб, но тврди дека на нив не се оригиналните гласови на амбасадорите.
Таа уште вели дека фотографиите за ликовите на дипломатите, не се автентични, па сликата на оној кој треба да биде амбасадорот Бахарев, всушност, прикажува дипломат кој е починат минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top