| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гостивар 29 нови вработувања како дел од владините мерки за намалување на невработеноста

 Gostivar (1)

Во Агенцијата за вработување во Гостивар денеска 29 лица потпишаа договори за вработување, како дел од владините програми и мерки за намалување на невработеноста.

Хисен Амзаи раководител на гостиварскиот центар на Агенцијата за вработување информира дека со последните мерки за самовработување опфатени се 29 лица во 21 фирма.

Тој информира дека за нив агенцијата ќе издвојува плата и придонеси за шест месеци, а обврска на работавецот е да ги задржи на работа уште една година (вкупно година и пол). Две фирми, според него, добиле кредити за вработување четири лица, по три илјади евра за секој и тие на работа треба да останат една година. Со работно искуство (практика), посочи, ќе се здобиваат десет невработени лица, кои треба да поминат три месеци во осум фирми. Тројца невработени гостиварци, рече Амзаи, ќе здобиваат вештини преку тримесечна обука во една фирма.

Заменик-директорот на Агенцијата за вработување Абдулсамет Шабани, најави дека новите огласи за користење на мерките, ќе се објават идниот месец. Според Шабани, во Македонија во моментов, мерките за самовработување и субвениционирање на нови работни места активно ги користат илјада лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top