Во местото Скурос, на грчкиот полуостров Халкидики околу 40 маскирани лица измината ноќ ги нападнале канцелариите и машините на компанијатаа за преработка на злато во северна Грција, јавија агенциите. Локалните жители се противат на рудникот бидејќи, според нив, тој ќе ја уништи животната средина. Постои силен отпор кај локалното население против проектот за изградба на рудник за злато и фирма која ќе го преработува.
Рударската компанија „Хелас Голд“ е во 90-процента сопственоста на канадската рударска компанија „Елдорадо Голд“.
Пожарникарите и полицијата изјавија дека напаѓачите во објектот влегле утринава, пред изгрејсонце, и употребиле Молотови коктели и запаллива течност, за да ги потпалат машините и контејнерите, употребувани како канцеларии.
Еден чувар бил клоцан од напаѓачите и потоа бил примен во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.