| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре куќа до темел во Охрид

pozar

Куќа до темел изгоре вчеравечер во Охрид, а неколкумина биле однесени во болница. Пожарот избил на покривната површина и потоа се проширил на целата конструкција.

Во моментот на пожарот во куќата се наоѓало целото семејство, а поради гушење од густиот чад неколкумина биле однесени во болница
Пожарот најверојатно избувнал откако експлодирале осигурачите во куќата. Пожарот се случил на улица „Бистрица“ во населбата Воска.  Во гаснењето на пожарот учестувале 4 противпожарни возила од охридската противпожарна служба, додека на двапати интервенирале и екипи на Брза помош.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top