| четврток, 6 декември 2018 |

20 шокантни вистини за Северна Кореа: Сите се писмени, нема комунизам, платата е 3 евра и понекогаш има струја

Официјално е најизолираната и најтаинствената земја на светот на чело се членовите на култната династија Јонг. Но, дали ја имамме вистинската слика за оваа таинствена држава.

За Северна Кореа многу се знае, но уште повеќе не се знае. Дали е се баш онака како што знаеме, односно како што ни е пласирано во медиумите. Следниве факти во многу нешто ги демантираат предрасудите кои сме ги стекнале!

Северна Кореа се простира на 120.540 метри квадратни и има околу 25 милиони жители.

1 Основач на Северна Кореа, првиот претседателот Ким Ил Сунг, создал „самоодржлива“ држава, т.е. државна политика која економски и дипломатски ја „отсече“ Северна Кореа од остатокот на светот, дури и во најлошиот период на земјата, кога нејзините жители гладувале.

2. Само војската и владините службеници можат да поседуваат моторни возила односно автомобили.

3. На жителите на Северна Кореа им е дозволени да имаат една од 28 одобрени фризури кои ги одредиле власите на оваа земја.

4. Интернетот во Северна Кореа не постои освен во затворениете државни мрежи, така што мошне малку луѓе воопшто не знаат што се случува во остатокот од светот. Владата строго ја контролира ТВ и радио програмата, а ограничен е пристапот на „вистинскиот“ интернет само на мал број луѓе од владата.

5. Ким Јонг Ул, синот на основачот на земјата, има импресивна и „неверојатно“ официјална биографија. Според тоа тој проодел на само 3 недели, почнал да зборува во осмата недела, напишал повеќе од 1.500 книги, а кога за првпат отишол на куглање веднаш освоил максимални 300 поени. Тој може да ги контролира временските прилики со своето расположение. Напишал 6 опери, и стручњак е за кинематографија.

6 Војската на Северна Кореја е една од најголемите сили на светот. Таа брои околу 1,2 милиони активни војници плус 6 милиони во резерва, односно 1 од секој 5-ти маж на возраст од 17-54 години е војник со полно работно време.

7. Колку и да ви излгеда овој податок неверојатен, тој е вистинит. Постојат луѓе кои побегнале во Северна Кореа. Еден од најпознатите е Џејмс Џозеф Дреснок, американски војник кој пребегал во Северна Кореа преку минско поле во 1962 година. Тој сега е актер во нивните пропагандни филмови.

8. Просечниот работник во Северна Кореа заработува околу 1,5 до 3 евра месечно, во просек околу 700 евра годишно. Приватниците може да заработат и до 100 евра, додека богатите и ретки бизнисмени заработуваат и до 500 евра месечно. Просечниот работник со својата плата може секој месец да купи 2 килограми ориз, но не заборавајте дека секој ден на работа добиваат храна на работа.

9. Меѓу 150.000 и 200.000 Севернокореанци живеат во логори опкружени со електрична ограна (според податоците на „Хјуман рајтс воч“). Најлоши се логорите за политичките злодела-во таквите случаи во логор оди цело семејство на сторителот. Дури 40 проценти од затворениците умираат од недостаток на храна или пренапорна работа (според податоците на Амнести интернешнл.)

10.Во  1978 година севернокорејските агенти киднапирале јужнокорејски режисер Ѓин Санг Ок и неговата сопруга, актерка Чое Еун Нуи, за да создадат филмска индустрија во Северна Кореа. овој јужнокорејски пар сепак успеа да побегне од државата откако направија десеттици филмлви за севернокорејкста власт.

11.Според извештајот на јужнокорејската влдата Северна Кореа троши третина од својот национален доход на војската.

12. Електрична струја нема навечер. Се гаси, а куќите кои имаат струја честопати добиваат само по неколку часа дневно.

13. Државните приходи на Северна Кореа главно се ослонуваат на извоз во јапонија и други држави во околина, а извезуваат верувале или не фалсификувани лекови како што е вијагра, наркотици како метамфемини, фалсификувани цигари и лажни пари од 50 и од 100 долари кои се наречени „супер долари“ бидејќи тешко може да се откријат. Исто така продаваат и оружје на разни неформални воени организации.

14. Северна Кореа е најизолираната држава на светот, но воедно е најтајновитата држава. Но, сепак од 2013 година веќе  не е најкорумпирана. Оваа титула и ја одзеде Сомалија.

15. Северна Кореа се наоѓа на трето место според бројот на извршени смртни казни веднаш после Кина и Иран.

16. Марихуаната во Северна Кореа е легална и воопшто не е класификувана како дрога.

17. Северна Кореа и официјално престана да биде комунистичка држава од 2009 година. Новата официјална државна идеологија се вика „Јухе“ (самоодржливост, војската на прво место…)

18. Севернокорејските археолози во 2012 година официјално објавија дека откриле еднорог кој го јавал легелндарниот крал Тонгмиунг пред 2000 години?!

19. И покрај тоа што живеат во тешки услови, каде владеат глас и стриктни политички режим, во Северна Кореа 99 проценти знаат да читаат и да пишуваат.

20. Технички војната меѓу Северна и Јужна Кореа сеуште трае. А  во 1991 година двете Кореи потпишаа договор за меѓусебно неупотреба на сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top