| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја ги осуди САД: Намерно не провоцираат во моментот кога ситуацијата се движи кон помирување

Северна Кореја денеска ги осуди САД поради, како што е наведено „ погрешни“ тврдења дека американската политика е под максимален политички притисок и санкциите довеле до Пјонгјан на преговарачката маса.
Северокорејската државна агенција го цитирала потпаролот на министерството за надворешни работи кој предупреди дека таквите тврдења се „опасен обид“ да се уништи детантот по неодамнешната средба со лидерот на двете Кореји, Ким Џонг -ун, и Мун Џае -ин.
За време на тој самит, Север се согласи да работи на денуклеаризација  на Корејскиот полосторв.
– САД намерно ја провоцира Северна Кореја во моментот кога  ситуацијата на Корејскиот полуостров се движи во помирување, навел потпарлот на севернокорејското министерство.
 Ким и претседателот на САД Доналд Трамп би требало да се состанат крај на овој месец или почеток на јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top