| четврток, 6 декември 2018 |

Љубов и вино во МКЦ

Џон Илија Апелгин ќе ја збогати хуманитарната акција во која сите пари кои ќе се соберат одат за помош на 18-годишниот Филип Михајловски

MKC

Центарот за креативно живеење „парК“ вечерва во клуб-ресторанот МКЦ ќе организира хуманитерен настан со цел да се соберат средства за 18-годишниот Филип Михајловски кој несреќно се повреди. Тој е восхитивачки упорен во својата желба повторно да прооди, по преломот на вратниот пршлен.

За таа цел  се организира аукција на уметнички модни додатоци. На аукцијата ќе има делата од Лидија Георгиева, Ивана Кнез, Илина Поповска, Delfina’s Accessories, Модно ателје Алшар, Деа Вукчевиќ, Александар Стефановски, Александар Стојановски-Зорин, joladesign, Сања Лаакко, Брош Ленд, Сања Бајалска, Глигор Кузмановски, Арт Соломон, Сара, Норис дизајн…

Ќе настапи Џон Илија Апелгин, кому ова ќе му биде втор настап по враќањето од Кина, а сите присутвни ќе можат да уживаат во здравата и сензуална храна на Маја Платнар со својата „Здраво-Живо“ храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top