Еден полицаец и тројца навивачи се повредени во тепачка на натпреварот меѓу кошаркарските екипи на МЗТ и Работнички што се одигра вчера вечер во спортската сала „Борис Трајковски“.
Во врска со инцидентот, полицијата привела 12 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пред завршување на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на МЗТ и Работнички од Скопје, во спортската сала „Борис Трајковски” настанала тепачка помеѓу навивачите на клубот Работнички.
При интервенција на полицијата повреден бил полициски службеник, кој се здобил со телесна повреда, по што му била укажана лекарска помош во Градската општа болница. Во тепачката биле повредени и тројца навивачи, кои биле пренесени во Ургентен центар.
МВР информира дека се приведени 12 лица на кои веќе им се издадени платни налози за сторен прекршок од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, а исто така тројцата повредени навивачи ќе бидат санкционирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.