| четврток, 6 декември 2018 |

Демир Капија доби современ галериски простор

demir kapija

Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија доби нов современ и репрезентативен галериски простор. Во рамките на програмските активности на Министерството за култура за унапредување на инфраструктурните капацитети на институциите од областа на културата, во изминатиот период беше реализиран проектот за целосна адаптација на изложбениот простор во оваа локална установа. Извршена е санација на внатрешноста, реновиранa е надворешната и внатрешната столарија, а набавена е и нова опрема за редовно функционирање на објектот.

demir kapija1
Со адаптацијата на просторот се обезбедија услови за унапредување на ликовната уметност и за презентирање разновидни изложби во оваа локална установа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top