| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен оглас за 670 вработувања за изградба на нови автопати

Поради изведување градежни работи на патните правци Миладиновци – Свети Николе – Штип и Кичево – Охрид, градежната компанија „Гранит“ има потреба од повеќе од 670 работници.

Огласот за вработување на „Гранит“ денеска е објавен во весниците „Дневник“ и „Вечер“, а компанијата има потреба за вкупно 28 работни позиции, како градежен инженер, рударски инженер, раководител на градежна механизација, финансов извршител, минер, работник на каменолом, градежни работници и други.

Кликнете за да ја видите фотографијата поголема

Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со закон. Работата од огласените работни места ќе се одвива со полно работно време од понеделник до петок, од 07.30 до 15.30 часот.

Огласот трае пет работни дена од објавувањето. Молбите за работа е потребно да се достават во ГД „Гранит“ а.д. Дирекција Скопје на ул. „Вељко Влахович“ бр. 8 или на е-пошта [email protected].

При доставување на молбите за работа, потребно е кандидатите задолжително да го наведат редниот број на работното место и патниот павец за кое конкурираат.

Подетално за огласот можете да прочитате во дневните весници „Дневник“ и „Вечер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top