Две третини од Русите, односно 67 проценти, сметаат дека Русија би требало да прими и други региони на Украина по приклучувањето на Крим, ако тие региони го побараат тоа преку референдум, покажува истражувањето спроведено од институтот „Левада“.
Овие резултати се помали во однос на почетокот на март кога таков став имаа 79 проценти од Русите. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, повика за федерализација на Украина, со што би се заштитиле правата на жителите и, пред сѐ, на руското население во рускојазичните региони во источниот дел на земјата.
Според истражувањето на Левада, 58 проценти од анкетираните Руси сметаат дека „Русија има право да ги заштити своите“ и во својот состав да вклучи руски територии од поранешните советски репубики. Анкетата е спроведена на примерок од 1.603 лица меѓу 21 и 24 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Германците тврдат: Русите „шмркале“ амонијак на Мундијалот?
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија