| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува одбележувањето на 150-годишнината на Меѓународниот комитет на Црвениот крст

Од денеска почнува празнувањето на 150-годишнината на формирањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), кој е најстара активна хуманитарна организација во светот.

МКЦК е формиран во 1863 година од филантропот Анри Динан, правникот Густав Моание, лекарите Луи Апиа и Теодор Моноар и генерал Гијом-Анри Дифур. Во 1918 година во комитетот за прв пат стапнува на работа жена – Рене Маргарит Крамер. По завршувањето на Првата светска војна се појавува Лигата на друштвата на Црвениот крст, основана во 1919 година на иницијатива на американскиот Црвен крст. Кон неа се присоединуваат Црвените крстови на Велика Британија, Франција, Јапонија и Италија и тоа за малку ќе доведеше до крајот на МКЦК.

Според моделот на функционирање МКЦК им укажува помош на ранетите, што придобива универзално значење и по тоа се разликува од другите добротворни организации од тоа време. Во овие 150 години Црвениот крст реагираше во многу драматични ситуации.

Во 1991 година МКЦК потпишува спогодба со која организација доби имунитет и дипломатски права.

Во МКЦК денес работат 12.000 лица, а неговиот буџет е 1,2 милијарда долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top