Дваесет и седмото коло на „Ново лото“, кое се емитуваше на телевизија „Сител“, уште еднаш внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив. Имено, ова коло ни донесе нов среќен добитник, овој пат на добивката 6+1 вредна 509.724,50 денари. Нашиот компјутерски систем лоцираше дека уплатата на среќното ново лото ливче е извршена на 01.04.14 во продажното место ММ-МАР-МАР Скопје.
Добитникот уплатил 4 комбинации „Ново лото“ по 15 денари, вкупно 60 денари, плус еден Џокер од 20 денари, сѐ заедно 80 денари. Интересно е да се додаде дека покрај добивката 6+1, овој наш среќен добитник има и една добивка со 4 погодоци.
Само за потсетување, во февруари годинава имавме уште еден добитник на ваква добивка. Гостиварчанецот што сакаше да остане анонимен, беше добитникот на премијата 6+1, вредна 475.411,50 денари во 14. коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.