| четврток, 6 декември 2018 |

Нов силен земјотрес во Чиле, евакуирана и претседателката

cile zemjotres2

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го потресе северниот дел на Чиле, еден ден откако истата област беше погодена од земјотрес од 8,2 степени. Засега нема информации за жртви. Во вчерашниот земјотрес загинаа шестмина.

По земјотресот била објавена опасност од цунами, но подоцна била повлечена. Исто така, била наредена и евакуација на населението, но по повлекувањето на опасноста од цунами, службите за спасување соопштиле дека луѓето можат да се вратат дома.

Агенциите пренесуваат дека меѓу евакуираните била и претседателката на Чиле, Мишел Башел. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top