| четврток, 6 декември 2018 |

Десетици млади луѓе на распит во полициската станица во Автокоманда

Најмалку триесетина лица се повикани на информативен разговор во полициската станица во Автокоманда откако предходно (во среда навечер) двајца средношколци биле тешко повредни со нож во населбата Железара.

Според неофицијални информации децата биле нападнати од две возрасни лица кои вооружени со ножеви влегле во група од десетина лица при што едно било тешко повредено во пределот на стомакот а второто има исеченици на левата нога.

Дел од очевидците тврдат дека возрасните напаѓачи до местото на настанот дошле со сив опел или ауди и дека по нападот избегале во правец на Гази Баба.

Полицијата врши увид на местото на настанот и презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top