Апарат за кор биопсии и рана детекција на карцином, со сет од сто игли доби Клиниката за радиотерапија и онкологија. Ова е донација на Агенцијата „Марили“ и жените менаџери од 41 компанија од Македонија. Средствата за набавка на апаратот, соопштија од Агенцијата, се собрани преку хуманитарен проект „Жените за жените“ спроведен по повод одбележување на 18-годишнината од организирањето на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од РМ“.
Апаратот, како што се наведува, ќе помогне, особено во раната детекција и лекување на карциномот кај специфичните органи на жената.
Според директорот на Клиниката, Милан Ристески, апаратот за кор биопсии ќе овозможи да не се боцкаат пациентите повеќе пати, туку првото земање материјал ќе биде доволно да се постави дијагноза и да не се губи време, што е најважно за тој вид на болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“