| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на министерски состанок на НАТО за ситуацијата во Авганистан

_Upload_Vesti_Nikola_poposki_201412215252

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на покана на генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, ќе учествува на редовниот пролетен состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат, што ќе се одржи денеска во седиштето на НАТО во Брисел.

Како што соопшти МНР, на состанокот ќе биде разгледана актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, а воедно ќе се разменат и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година.

Министерот Попоски ќе има свое излагање, на кое ќе ги презентира видувањата на Република Македонија за иднината на надворешното присуство во Авганистан по 2014 година.

Министерскиот состанок во НАТО, како што се наведува, е и добра рамка неформално да се разменат видувања со колегите од земјите-членки на Алијансата околу перспективите на следниот Самит во септември, годинава во Кардиф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top