Најскапата екипа во НБА, Бруклин нетс обезбеди настап во доигрувањето во најсилната кошаркарска лига на светот по победата против Хјустон рокитс со 105-96.
Бруклин има серија од 14 успеси на домашен терен, а во првата третина од шампионатот воопшто не личеше дека ќе играат во плејофот. Од биланс со 10 побеи и 21 пораз, Пол Пирс, Дерон Вилијамс и соиграчите комплетно ја свртеа ситуацијата во своја полза, со феноменелаен пресврт и моментно имаат биланс од 40-33, доволно на 9 натпревари до крај да се пласираат во завршницата.
Мошне возбудливо беше во Далас, каде Голден стејт победи со кошот на Стев Кари во последната секунда од продолжението. Мечот заврши со победа на гостите од 122-120, откако во регуларниот дел беше нерешено 108-108.
Уште еден пораз во лошата сезона за тимот забележа Лос Анџелес лејкерс, овојпат против Портланд со 112-124. Ник Јанг беше најефикасен на мечот со 40 поени, но тоа не беше доволно за победа на Лејкерси. На спротивната страна Демјен Лилард даде 34 поени, а Ламаркус Олдриџ имаше учинок од 31 поен и 15 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


