| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавете се до 31 мај за добивање земјоделски субвенции

трактор
Почна пријавувањето за субвенции. Земјоделците кои го регистрирале своето производство и немаат давачки кон државата, можат да ги поднесуваат барањата до подрачните единици на министерството.Рокот за поднесување на апликациите тече од 17 март, а  завршува на 31 мај  годинава.Барањата се поднеуваат во подрачната единица, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Платежната Агенцијата ги советува  фармерите да внимаваат на бројот на трансакциската сметка на  која се запишува барањето.

До 15 март се пријавуваа промените во производството и бројноста на добитокот што е еден од условите за добивање на субвенции.За да користи субвенции, земјоделецот мора да ги има платено сите долгови кон државата заклучно со 2013-та година.Годинава за земјоделството се предвидени 140 милиони евра од кои за директната финансиска подршка  се 115 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top