| четврток, 6 декември 2018 |

Војводина доби нов статут: Нови Сад веќе не е главен град

Novi_Sad_-_Vojvodina
Статутот на Војводина во иднина нема да има преамбула бидејќи станува збор за подзаконски акт, а Нови Сад веќе нема да биде главен град, туку седиште на покраинските органи, пишува денеска весникот „Политика“.
Ова се само некои од новините во текстот на Статутот на автономната покраина Војводина, кој експертски тим го усогласи со препораките на Уставниот суд на Србија и му го предаде на Одборот за прашања од уставно-правната положба на Покраината.
Наместо терминот „Влада на Војводина“, кој, исто така, Уставниот суд го отфрли, постојат неколку решенија, на пример, да се врати стариот термин „Извршен совет на Војводина“ или, пак, воведување нови, како што се „Покраинска Влада“ и „Покраински совет на министри“.
Според „Политика“, најдоцна до почетокот на следниот месец за статутот треба да расправаат покраинските пратеници. Доколку тие го одобрат, а за тоа е потребно двотретинско мнозинство, следната проверка ќе биде во Парламентот во Белград, каде што во согласност со одлуката на Уставниот суд статутот треба да биде потврден до 6 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top