| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола се снима „Долу од рајот“ (фото)

unnamed

Пред две дена почна со снимање краткометражниот филм со работен наслов „Долу од рајот“ на младиот македонски режисер Саша Станишиќ по сценарио на Кристина Христова-Николова. Снимањето ќе трае уште четири дена на повеќе локации во Битола.

unnamed5

Ова е трет филм на режисерот Саша Станишиќ. Автор е на два краткометражни филмови „Мангава Диско Панк“, кој беше дел од омнибусот „Скопје Ремиксд“, и „Митот за Сара“.

unnamed4

Главните улоги ги играат Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова- Николова и Соња Ошавкова. Директор на фотографија е Горан Наумовски, сценограф Влатко Зафирковски, костимограф Бурим Муслиу.

unnamed2

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, Националниот филмски центар во Бугарија и СЕЕ Синема Нетворкс.

unnamed1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top