| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта ја победи Филаделфија и ја прекина црната серија од 6 порази

Атланта хоукс, конечно, победи во НБА и ја прекина серијата од 6 порази, токму против вториот најслаб тим во лигата, Филаделфија. „Јатсребите“ славеа со 103-95, а Перо Антиќ имаше скромен ефект од два поени и 4 скока за 21 минута игра. Блескаше Пол Милсеп со 28 поени и 17 скока.

Атланта го сочува осмото место во источната конференција со биланс од 32-41, а има еднаков број победи како деветопласираниот Њујорк, но со два порази помалку.

Резултати: Атланта – Филаделфија 103-95, Индијана – Сан Антонио 77-103, Шарлот – Вашингтон 100-94, Детроит – Милвоки 116-111, Мајами – Торонто 93-83, Чикаго – Бостон 94-80, Минесота – Л. А. клиперс 104-114, Њу Орлеанс – Сакраменто 97-102, Денвер – Мемфис 92-94, Јута – Њујорк 83-92

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top