Кампањата против љубовните катанчиња, која вклучува петиција која во моментов има над 1.700 потписи, беше започната овој февруари од страна на двајца Американци кои живеат во Париз, кои беа шокирани од сѐ поголемиот трендот низ градот.
Мостот на уметноста во Париз е еден од најпознатите остови во светот каде што уште од почетокот на новиот милениум љубовниците оставаат катанци во знак на вечна љубов. На нив ги ставаат своите имиња или пораки, кои само за нив имаат посебно значење, а по заклучувањето на катанецот клучевите се фрлат во Сена, за љубовта да им остане нераскинлива.
Меѓутоа, со околу 700.000 катанци заклучени на неколку локации низ главниот град на Франција, тежината може да е ризична за структурниот интегритет на архитектурата на градот, пишува „Гардијан“.
Скопје во неколку наврати се обиде да ја започне оваа љубовна традиција. Катанци се заклучени на мостот кај езерцето во Градски парк, како и кај мостот кај МАНУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.