| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто некои луѓе можат да јадат сѐ и да бидат слаби?

Група истражувачи го пронајдоа генот што овозможува побрзо разбивање на јагленохидратите поради кои луѓето најмногу се дебелеат.

Генот го нарекоа аткинс, според авторот на познатата диета, а официјалното име е AMY1. Генот создава ензим кој се наоѓа во плунката и почнува со разградување скробни намирници, како што се чипсот или оризот. Истражувањето покажа дека луѓето што имале повеќе копии на генот, па со самото тоа и повеќе од споменатиот ензим, се послаби.

Иако е нормално гените да бидат во двојка, некои луѓе имаат само една копија на ген, а други две, три или дури повеќе. Во случајот на генот AMY1 можно е да се има по 20 примероци.

„Нејчр џенетикс“ пренесува дека луѓето со помалку од овие гени потешко ги разградуваат јагленохидратите и затоа лесно се дебелеат. Иако не е сосема јасно на кој начин влијае, една од можностите е дека несварениот скроб се храни со цревна бактерија, па луѓето потешко слабеат.

Научниците од лондонскиот унивиерзитет заклучуваат дека поради тоа во иднина најдобрата можна исхрана би требало да се составува за секој поединец одделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top