Голманот на Барселона и шпанскиот репрезентативец Виктор Валдес денеска беше опериран во Германија, откако минатата недела на натпреварот против Селта ги скина предните вкрсетени лигаменти на коленото.
Во соопштението објавено на официјалниот сајт на каталонскиот клуб, докторите кои ја извршиле операцијата велат дека Валдес ќе мора да паузира седум месеци.
По оваа изјава дефинитивно стана јасно дека искусниот голман нема да настапи за „црвената фурија“ на Светското првенство во Бразил, а сега е доведен во прашање и неговиот трансфер во некој друг клуб како што претходно беше најавувано.
Меѓутоа, Валдес нема причина за грижа бидејќи Барселона изјави дека ќе му понудат нов договор доколку не успее да најде решение во летниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.